На 06.10.2019 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје го привеле С.Т.(26) од Кратово, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена непозната прашкаста материја.
Исто така, на 06.10.2019 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„ Кеј 13ти Ноември“ во Скопје, од слобода го лишиле С.Ц.(28) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.
Полициски службеници од СВР Скопје на 06.10.2019 во 00.20 часот, од слобода го лишиле П.М.(38) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на сите 3 одделни случаи, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.