Три земјотреси за еден час – Тлото во Албанија не се смирува

Силниот потрес од 6.4 степени според Рихтер во Албанија, кој се почувствува и во Македонија, предизвика паника.
По силните потреси рано утинава попладнево во 14 часот и 05 минути е регистриран уште еден посилен земјотрес од 5.0 степени по Рихтер на длабочина од 2 километри. Епицентарот на потресот бил во Јадранското море, а ефектите се почувствуваа и во Скопје.
По силниот земјотрес има многу афтер шокови и тлото и понатаму се тресе.
За еден час се регистрирани 3 земјотреси во Албанија, од кои најсилниот со 4.3 степени според Рихтер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.