Шминката може да биде ваш голем сојузник, но и „непријател“, доколку не ја користите на вистинскиот начин.
За да изгледате убаво и да ја истакнете вашата убавина, не треба да бидете експерт за шминкање. Со овие три начини секогаш ќе изгледате убаво и заводливо. Исто така, ќе направи да изгледате заводливо и авангардно.
- Нагласени трепки и веѓи
Овој изглед се карактеризира со долги трепки и нагласени веѓи. На горните очни капаци можете да нацртате малку подебел и подолг ајлајнер и на овој начин да добиете изглед на мачкини очи.
Оваа шминка можете да ја комплетирате со кармин во боја на вишна, исто како што тоа го прави Меган Фокс. Ќе изгледате многу сензуално.
- Посилна сенка, за изглед како мачка
Уште една класика која секогаш се враќа во мода, доаѓа од 60-тите години на минатиот век. Долги трепки и изразена сенка.
За да постигнете изглед налик на мачка, изострете ја и нагласете ја сенката особено на аглите на очите. Со оваа шминка, карминот во посветли тонови, во боја на кожата, ќе биде одличен избор.
- Маскара во боја
Нанесувањето маскара е суштински дел од секоја шминка. Осмелете се и пробајте маскара во боја.
Пробајте сина или можеби зелена маскара. Ќе добиете поинаков изглед кој е забавен и интересен. Исто така, вашите очи ќе бидат во преден план.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.