Најубав момент во животот на секое дете е првото заминување во странство, но за родителите тоа може да биде малку стресно. Една од главните грижи на родителите е багажот на бебето, особено ако тоа нема посебно седиште.
Том Кук објаснува некои од најчестите работи кои родителите мора да ги знаат.
Ова е најдобар совет за сите родители кои патуваат со децата кои имаат помалку од две години.
За дете помало од две години, што патува во рацете на родителите, тие бесплатно можат да ги внесат овие три работи: дополнителен багаж од 10 килограми, количка или детско седиште. Доколку ви се потребни три предмети, една од тие работи можете да ја понесете како додатен багаж.
Што ако детето има резервирано седиште?
Ако за детето е резервирано седиште, дозволата за дополнителен багаж од 10 килограми повеќе не важи.
Дали детско седиште смеете да внесете во авион?
Ако сте резервирале одвоено седиште за бебето, смеете да внесете детско седиште во авион. Детското седиште мора да има можност за монтирање помеѓу потпирачите за раце и потпирачот за грбот и исто така мора да се монтира според упатството на производителот на седиштето.
Дали смеете да внесете количка?
Количката смеете да ја користите сѐ до влезнаата капија, кадешто таа ќе ви биде одземена и сместена кај останатиот багаж. Количката мора целосно да се расклопува (собира), па затоа е препорачливо да имате заштитна прекривка. Количката не смее да содржи други предмети.
Дали во авион смеете да внесете храна за бебето?
Доколку патувате со мало дете или новороденче, смеете да внесете храна во авионот. Ако носите храна за деца, не се применуваат стандардните правила, што значи дека можете да имате храна, млеко (во облик на прав) и стерилизирана вода за бебето, во својот рачен багаж.
Храната за бебето вклучува: млеко од соја за бебе, стерилизирана вода (која мора да биде во проѕирно шише за бебе), млеко во прав, кравјо млеко (посебно за бебе) и храна за бебе во облик на каша.
Во случајот со млеката и стерилизираната вода, ограничувањето од 100мл. не важи, но условот е вкупната количина да не е поголема од еден литар.