Три реченици што секој маж сака да ги слушне

Доколку мислите дека партнерот е малку оддалечен од вас, обидете се да му ги кажете овие три работи со кои ќе му ставите до знаење дека го сакате. Не е поентата само да ги изговорите овие реченици, важно е тоа навистина да го мислите и со тоа да му го порачате токму она што сака да го слушне од жената која ја сака.
1. Го можеш ти тоа
Некои мажи едноставно „процветуваат“ кога ќе осетат почит, особено кога знаат дека ја имаат контролата над нешто и дека се способни тоа да го направат. Овој момент е посебен кога вие ќе му ставите до знаење дека го гледате најдоброто во него, неговиот потенцијал.
Не е секогаш лесно да му покажете на партнерот дека верувате во него, ако претходно во нешто ве разочарал, но од друга страна сетете се дека нешто научил од таа грешка. Вашата доверба и трпение многу ќе му значат, особено кога е му кажете „Го можеш ти тоа“. Кога ќе забележи дека верувате во него, ќе биде и многу поискрен со вас.


2. Знам дека имаше добри намери кога го направи тоа
Кога сте фрустрирани од партнерот тоа е затоа што мислите дека на него не му е грижа за вас и дека се обидува да ве повреди. Кога сте вознемирени, емоциите можат да ве одведат на погрешен пат и работите да не изгледаат како што навистина се. Треба да знаете дека човекот кој ве сака не се обидува намерно да ве повреди, туку да ве направи среќна.
Потребно е да направите ментален напор за да го сфатите тоа, пред да му го кажете тоа што му е потребно да го слушне. Затоа, фокусирајте се на тоа да сфатите дека навистина имал добри намери кога направил нешто. Почитувајте го и имајте доверба во него, бидејќи тоа значи дека го сакате.
3. Ти благодарам што го направи тоа
Мажите сакаат да прават работи за своите партнерки и тоа не само во финансиска смисла. Ако ве изведе на вечера тој чувствува емоционална одговорност за тоа искуство. Ако и вие сте задоволни и ви годи атмосферата, ќе се чувствува убаво бидејќи направил нешто за да ве усреќи.
Ова е само еден од примерите, но поентата е дека кога партнерот ќе забележи дека цените некои работи што ги прави за вас, ќе се чувствува добро и ќе сака повторно да направи нешто за да ве усреќи.
Од друга страна, ако не го цените тоа што го прави, ќе ја изгуби волјата за такво нешто.
Затоа, заблагодарете се за некоја конкретна работа, како подготовка на вечера и слично. Важно е тоа да доаѓа од срцето, а не да ги изговорите зборовите туку така или уште полошо, да се обидувате со тоа да манипулирате со него.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.