Особено ако имате разиграни мали деца, тие ѕидовите ги доживуваат како сликарско платно. Во тој случај овој трик ќе ви се допадне, а нема да треба да варосувате.
На повеќето родители добро познато им е следново сценарио: го оставате детото да црта на хартија додека одите в кујна по чаша вода, а кога ќе се вратите малото се префрлило на ѕидот.
Од облеката е лесно да се отстранат таквите дамки, но што кога децата ќе цртаат по ѕидовите? Па уште ако се бели?!
Среќа во денешно време на социјалните мрежи се споделуваат куп трикови, па за многу работи се наоѓа лек.
Имено, сѐ што ви треба за чистење на дамки од бои од вашиот ѕид е чаша вода, четка и паста за заби. Самата техника на отстранување на дамките е многу едноставна: само намачкајте ја пастата на ѕидот, малку истријте ја со четката, а потоа избришете ја со сува крпа. На овој начин ќе се отстрани дамката.
За овој трик може да користите било каква паста за заби, односно можете и најевтината.