Праските се едно од поомилените летни овошја, но за жал, кога ги купуваме, обично се претврди за да ги консумираме веднаш.
За да не чекате со денови да созреат, ви откриваме едноставен трик кој 100% функционира, а за него ви треба само 1 час чекање.
Земете една хартиена кеса и едно јаболко.
Во кесата ставете ги тврдите праски и едно јаболко, па добро затворете да не влегува воздух.
Јаболкото набрзо ќе почне да испушта етилен, природен гас кој го забрзува зреењето на овошјето.
За само 1 час, праските ќе бидат сочни, меки и подготвени за јадење.