Трикови кои ќе ве натераат да ја засакате вашата работа

Не е се така црно: мислете позитивно, бидете реални, пејте и секој ден одвојте десет минути за себе,па одењето на работа повеќе нема да биде најлошиот кошмар.
Дури и ако секое утро со тешко срце одите на работното место, постојат начини со кои можете да станете барем малку посреќни. За почеток, престанете да зборувате за тоа колку ја мразите работата, бидејќи тоа само дополнително ќе ви ја зголеми фрустрацијата и незадоволство. Бидете реални и претпочитајте да кажете дека постојат многу потешки задачи од вашата, па обидете се да се фокусирате барем на некои од позитивните аспекти. Тоа може да биде добар поглед низ прозорецот или, уште поважно, на редовната плата.
Изгледот на вашето работно место може да влијае на тоа како се чувствувате на работа. На работната маса или на ѕидот веднаш до компјутерот ставете неколку работи кои ве потсетат на семејството или пријателите, инспиративен цитат, постер или нешто што ве прави среќни. Исто така, секој ден после работа одвојте време за активност или хоби кое ќе ве релаксира. И на работното место издвојте барем десет минути за да се релаксирате.
Запомнете, добрината со добрина се враќа
Работата ќе ви биде многу попријатна ако имате барем еден или двајца колеги со кои имате поблиски односи. Генерално би било убаво на сите да им помагате колку што можете. И оние колеги кои не ви се допаѓаат не обидувајте се да ги промените, можете само да го промените начинот на кој реагиратевие, кога тие се непријателски расположени кон вас.


Ако ви е тешко, пуштете CD, затворете ги очите и запејте
Ако сте во можност, слушајте музика на работа која ќе го подобри вашето расположение, особено кога сте под стрес, а потоа затворете ги очите и замислете дека сте на поубаво место. Можете и да дишите длабоко и да броите до десет. Поттикнувајте се со зборовите дека оваа работа е само чекор кон нешто многу подобро.
Напорот никогаш не е залудно потрошено време
Наместо да барате мотивацијата од другите, обидете се сами себеси да се поттикнувате за подобро извршување на зададените задачи. Дури и ако надредените не го ценат вашиот труд, ќе стекнете вештини кои ќе ви бидат од корист кога ќе одите на друга работна позиција, каде трудот ќе ви биде ценет.
Борбата за вашите права на работа ќе ви ја зајакне довербата
Ако сте преморени или злоупотребени од некого, немојте само да молчите додека целосно не ги изгубите нервите. Изборете се за себе, кажете што ви здодева, најдобро на шефот. Ако не успеете со него да се договорите да ве ослободи малку или да го решите проблемот со оние што ве малтретираат, сепак ќе се чувствувате подобро, бидејќи сте направиле се што сте можеле, а тоа ќе ви ја зајакне довербата.
Кога сте гладни, не сте свои
Ако лошо се храните на работа или не јадете ништо цел ден, ќе бидете уморни и деконцентрирани. Појадувајте обилно и здраво. Ако е можно, јадете на свеж воздух, а не на маса. Не заборавајте често да пиете вода на работа.
Најлошите задачи извршете ги што е можно поскоро
Обидете се да бидете поорганизирани на работа, бидејќи ако оставите се за последна минута, ќе бидете под голем стрес и незадоволни. Направете распоред на предвиденото, а најтешките задачи извршете ги веднаш штом дојдете на работа, додека сте сеуште свежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.