Освен за правење сок, лимонот често се користи и за приготвување јадења и десерти, а неговиот сок е составен дел на бројни пијалоци.
Една од најчестите грешки е чувањето на лимоните и другите цитруси во фрижидер.
Исто така, честа грешка е да се остават лимоните во кеса, што предизвикува брзо формирање на мувла.
Сигурно сте забележале во некое од кафулињата што сте ги посетиле дека покрај шанкот стои голем сад со вода, а во неа има лимон. Можеби мислевте дека тоа е само декорација, но се излажавте.
Ако се чува во свежа и ладна вода, лимонот ја задржува својата свежина подолго. Во домашни услови потребно е само редовно менување на водата.
На овој начин ќе го продолжите рокот на траење и на другите цитрусни овошја, како што се мандарини, портокали и грејпфрут.