Трогателно: Татко упорно му ѕвони на синот кој пред 5 години исчезна со малезискиот авион- еве што се случува со неговиот телефон

Ли Ержу, земјоделец од руралната област Хандан во Кина, секоја сабота го повикува истиот телефонски број, иако тој е одамна исклучен.
Станува збор за бројот на неговиот син кој бил меѓу 239-те патници во малезискиот авион МХ-370 што исчезна пред пет години и досега не е пронајден, што претставува една од најголемите авионски мистерии во историјата.


– Не ми е грижа кој е на другата страна. На синот секогаш имам да му кажам неколку зборови, вели 60-годишниот селанец за својот седмичен ритуал.
Неговиот син, Ли Јанлин, кој работел во Малезија за кинескиот телекомуникациски гигант ЗТЕ, имал 30 години кога авионот на летот Куала Лумпур – Пекинг, исчезна на 8 март 2014 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.