Тројка на Богдановиќ за продолжение, 44 поени на Мареј за победа над Бостон



Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа два натпревари, а во центарот на вниманието беше натпреварот помеѓу Аталанта и Бостон кој заврши со победа на домаќините од 123:122.

Натпреварот го одбележа Дежонте Мареј кој постигна 44 поени и така постави рекорд во својата кариера. Посебно одличен беше во продолжението кога ги постигна сите 11 поени за својот тим.

Изедначено и неизвесно беше до самиот крај, а продолжение обезбеди Богдановиќ кој погоди тројка за 112:112. Мареј го имаше главниот збор во продолжението постигнувајќи ги сите 11 поени за конечни 123:122.

Покрај 44 поени, Мареј додаде уште седум скока и седум асистенции. Богдановиќ натпреварот го заврши со 24 поени, а Тејтум запиша дабл-дабл од 31 поен и 13 скокови.

Во преостанатиот натпревар Њу Орлеанс беше подобар од Милвоки со 107:100.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: