Како што посочија од партијата, тројцата министри остануваат на ставот дека нема да дадат оставки и, како што велат, доколку има премиерот Димитар Ковачевски некоја забелешка кон нивната работа да ги разреши.
Во пресрет на денешната седница, „Алтернатива“ синоќа ја соопшти одлуката на Централното претседателство дека ќе делува како опозиција, а претходно во петокот премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на АА Арбен Таравари ги заокружија преговорите за соработка.
Претседателот на „Алтернатива“ Африм Гаши вчера по седницата на Централното собрание најави дека тројцата пратеници од оваа партија ќе дејствуваат како опозиција, нивните функционери ќе се повлечат од функциите, но доколку има уставни измени ќе гласаат „за“.
Министерот за здравство Беким Сали од Алтернатива треба да биде заменет со д-р Фатмир Меџити, специјалист невролог во Универзитетската клиника за неврологија, додека позицијата на Адмирим Алити во МИОА се остапува на Азир Алиу, доктор по информатички науки на Природно-математичкиот факултет при УКИМ-Скопје, кој има работно искуство како професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, и во приватниот сектор.
Пронајдете не на следниве мрежи: