Романскиот здравствен систем го потресе необичен скандал, откако беше откриено дека некои лекари им вградувале пејсмејкери извадени од телата на починати луѓе на пациентите. Полицијата „чешла“ две болници, како и неколку приватни ординации, каде работеле осомничените лекари. Според неофицијални информации, полицијата влегла и во воената болница во Брашов.
Се сомнева дека осомничените лекари на своите пациенти им препишувале лекови кои би ја влошиле нивната здравствена состојба. Тоа се лекови кои го забавуваат срцето.
Штом пациентите се пожалиле дека се чувствуваат полошо, осомничените ќе советуваат да се инсталираат пејсмејкери и дефибрилатори. Приказната станала хорор кога се дознало дека им вградувале половни кардиолошки апарати, кои биле извадени од телата на починати лица.
Обвинителството соопшти дека еден од лекарите со оваа пракса започнал уште во 2017 година, а за пет години извршил неколку операции и поставил повеќе од 200 пејсмејкери, кои претходно биле користени. Извор од истрагата за романските медиуми изјавил дека постои сомнеж оти лекарите на одредени пациенти им давале лекови кои би ја влошиле нивната здравствена состојба, па на крајот ќе мора да им се вгради пејсмејкер.
Се верува дека околу 170 луѓе добиле пејсмејкер кој е користен, „половен“, а двајца пациенти починале. Лекарите за овој потфат зеле големи суми пари и се обвинети за поткуп, измама, фалсификување и несовесно работење. Медиумите јавуваат дека еден од осомничените лекари со парите што ги добил како поткуп успеал да изгради викендица на брег на езеро.
Покрај болниците и приватните ординации, полицијата извршила претрес и во домовите на осомничените, а во таа прилика била одземена поголема сума пари. Инспекторите се обидуваат да откријат како точно се спроведувал болниот план на лекарите кои свесно ги загрозиле животите на бројни пациенти. Наводно, пациентите кои дошле на лекување кај осомничените уште поболни ги напуштале ординациите.
- Маск: Зеленски има неверојатна смисла за хумор
- Трајановски: Набавени се адитиви за работа на ниски температури, патот Кичево-Охрид ќе се асфалтира и преку зима
- Вредноста на биткоинот паѓа за првпат по победата на Трамп
- Македонија денес против Фарски Острови – Милевски: Имаме мотиви за нова победа
- Денеска се празнува Преподобен Јоаникиј Велики
Се сомнева дека осомничените лекари на своите пациенти им препишувале лекови кои би ја влошиле нивната здравствена состојба. Тоа се лекови кои го забавуваат срцето.
Штом пациентите се пожалиле дека се чувствуваат полошо, осомничените ќе советуваат да се инсталираат пејсмејкери и дефибрилатори. Приказната станала хорор кога се дознало дека им вградувале половни кардиолошки апарати, кои биле извадени од телата на починати лица.
Лекарите добивале пари на два начина. Или самите пациенти ги собирале парите за што поскоро да стигнат до пејсмејкерот, убедени дека се на чекор од смртта, или од буџетот биле издвоени пари за фиктивни фактури. Цената на нов пејсмејкер е неколку илјади евра, а дефибрилатор до 20.000 евра.
Романските медиуми ги пренесуваат наодите од истрагата и наведуваат дека инспекторите се сомневаат дека вештаците некако биле вмешани во овој скандал. Имено, извори од обвинителството наведуваат дека апаратите се земени исклучиво од тела на лица кои умреле од насилна смрт. Имено, телата на убиените најчесто се испраќаат на обдукција и можно е да се извади нешто од нивното тело без да се покрене сомнеж.
Се претпоставува дека биле измамени најмалку 170 пациенти, од кои двајца починале. Според европските закони, повторното користење на дефибрилатори и пејсмејкери е строго забрането.
“Кога срцето чука помалку од 40 отчукувања во минута, потребна е кардио стимулација. За дефибрилатор работите се малку поинакви, тој емитува електронски пулс кој го принудува срцето да се ресетира”, вели кардиологот д-р Андреди Манта.
Еден од лекарите под истрага работи во најголемата болница во Романија. Тој претходно беше под истрага поради сомнение дека во 2011 година побарал поткуп од пациент за да му направи ангиографија. Полицијата сега проверува дали со парите што ги земал од пациентите изградил луксузна викендичка.
Романските медиуми јавуваат дека полицијата проверува документи за да открие кој и како ја изградил куќата на брегот на езерото, во заштитено подрачје, каде што не е дозволена градба. Градоначалникот на Мовилени, каде е изградена спорната куќа, тврди дека не е издадено одобрение за градба. Во меѓувреме осомничениот лекар е приведен и одредена му е мерка притвор до 24 часа. Беше побарано продолжување на притворот до 30 дена.
„Од досега спроведените докази за случајот, произлегува дека обвинетиот организирал мрежа составена од медицински персонал кој му дал имплантирани кардио-апарати, отстранети од починати пациенти, без да ги почитува законските одредби и без претходна согласност од лице, пред да почине, ниту нивните роднини.
Тој подоцна извршил медицински процедури за реимплантација на овие апарати без да ги регистрира во болницата (во отсуство на документи за потекло) и, следствено, без да помине низ внатрешниот процедурален тек, немало известување од Министерството за здравство за усогласеноста, без потврда, без документ за завршени постапки за стерилизација“, тврдат обвинителите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.