Тулуз го распарчи Оксер, Лион освои само бод на гости кај Нант

Вечерва беа одиграни пет натпревари во француската Лига 1, при што најубедливиот триумф го оствари Тулуз кој со 4-0 го декласира Оксер, додека Лион мораше да се задоволи само со бод кај Нант.

Фарес Шаиби го отвори резултатот во четвртата минута, а до крајот на првото полувреме погодија и Антони Руо и Бранко ван ден Бомен.

Оксер доминираше на теренот и имаше голем број шанси да стигне до гол, но не успеа, а конечните 4-0 ги поставија Закариа Абукал и Тис Далинга.

Лион одигра израмнет натпревар против Нант, а мрежите останаа да мируваат и двете екипи си поделија по еден бод.

На останатите дуели Брест одигра 0-0 против Лил, додека Клермон освои бод против Рен (1-1).

Пронајдете не на следниве мрежи: