Турски репрезентативец и неговиот син пронајдени мртви, пред шест месеци тој играше против Македонија

Ракометен репрезентативец на Турција, Џемал Кутахја, е најновата спортска жртва на катастрофалниот земјотрес, кој однесе скоро 40.000 жртви во оваа земја.

Тој бил пронајден под урнатините заедно со својот син Џанер, додека неговата бремена сопруга Пелин сѐ уште се води како исчезната. Неговото тело било најдено седум дена по потресот, што шансите за добри вести барем за неговата сопруга се многу мали.
Кутахја настапуваше за екипата на Хатајспор, а беше во составот на турскиот национален тим во мечот против Македонија во квалификциите за ЕП 2024, кој жолто-црвените го добија со 36-27

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.