Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека би можел да се кандидира за претседател во 2023 година, а тоа ќе биде неговиот последен мандат
Ердоган рече дека по тој мандат, доколку победи на изборите, ќе ја „префрли палката на младите“.
Како што се приближуваат претседателските и парламентарните избори закажани за јуни 2023 година, Ердоган, кој е на власт од 2003 година, и неговата партијата на правдата и развојот (АКП), се надеваат дека ќе ја задржат власта.
Сепак, турскиот претседател треба да се соочи со многу предизвици, вклучувајќи ја и инфлацијата која достигна 85 проценти.
Во октомври, Ердоган ја повтори својата долгогодишна желба да подготви нов Устав кој ќе биде „демократски, едноставен и визионерски“.
Некои набљудувачи тоа го гледаат како желба за промена на границата од најмногу два претседателски мандати, како што е предвидено со тамошниот Устав.