Турција успешно ја тестираше првата домашна хиперсонична ракета воздух-земја од беспилотното летало Бајрактар Акинџи, соопшти компанијата Бајкар, која произведува борбени беспилотни летала.
„Првата турска хиперсонична ракета ТRG-230-IHA, произведена од Рокетсан, успешно ја погоди целта на растојание од 100 километри“, објави на Твитер техничкиот директор на компанијата Селџук Бајрактар.
Според производителот, дострелот на ракетата варира помеѓу 20 и 150 километри.
Рокетсан ја конструираше и првата турска балистичка ракета, која беше успешно тестирана во октомври 2022 година.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.