Туфахии

12 јаболка
1 кг шеќер
1 литар вода
400 г мелени посни бисквити
150 г мелени ореви
2 кесички шлаг крем
150 мл вода
Во тенџере на оган ставете ги шеќерот и водата и сварете поредок шербет.
Јаболката излупете ги и отстранете им ги рачките и семките.
Ставете ги јаболката во тенџерето со шербетот и со помош на виљушка превртувајте ги за да омекнат од двете страни, околу 5-6 минути. Извадете ги од шербетот и оставте ги да се изладат. Шербетот тргнете го од оган, па и него оставете го да се излади.
Во друг сад ставете ги мелените ореви, 200 г мелени бисквити и 250 мл од изладениот шербет. Мешајте со лажица додека филот не се соедини.
Наполнете ги длабнатините на јаболката со фил и свалкајте ги во преостанатите 200 г мелени бисквити. Украсете ги туфахиите со изматениот шлаг крем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.