Уапсен 29 годишник | Со пушка од прозор пукал кон кучиња

На 24.05.2023 во 18.30 часот во Битола на ул.„Димитар Илиевски Мурато” од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола бил лишен од слобода И.Г.(29) од Битола.

Тој, управувајќи патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, кај место викано „Грозд“, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници. Од него биле одземени воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Законот за оружје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.