Уапсен втор осомничен за убиството на новинарката Маринова

Уште еден осомничен поврзан со убиството на бугарската истражувачка новинарка Викторија Маринова е уапсен во Германија. Првиот осомничен поврзан со убиството беше ослободен без обвинение веќе вчера.
Вториот осомничен, човек на рани 20-ти години, беше уапсен откако ДНК-тестовите и другите докази покажаа дека бил вмешан во силувањето и убиството на Маринова во севернобугарскиот град Русе, според бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Маринов.


„Постои физички доказ за поврзаноста со убиството“, рече Маринов.
Тој го идентификуваше човекот како Северин Красимов, кој живее недалеку од местото на злосторството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.