Полицијата во Сингапур, потврдила дека го испитува лицето по име Дан Тан, за кого се верува дека е главниот организатор на неколку стотици наместени натпревари ширум светот.
„Дан Тан, човек од Сингапур кој до сега така е нарекуван во извештаите, им помага на сингапурските власти во истрагата. Понудивме помош и размена на информации на сите заинтересирани земји и со таа пракса ќе продолжиме“ се наведува во полициското соопштение. Полицијата во Сингапур се решила на ваков потег откако во четвртокот, во Италија беше уапсен Словенецот, Адмир Суљиќ, за кого се верува дека е близок соработник на Тан. Италијанските власти издадоа налог за апсење на Дан Тан, но полицијата во Сингапур не соопшти дали ќе го екстрадира. Суљиќ, кој е обвинет за злосторничко здружување и измама во спортот, со авион допатува од Сингапур во Милано за да им се предаде на италијанските власти. Дан Тан, во извештаите на Европол се споменува како водач на криминалната група која од наместени натпревари заработила милиони евра.
Макфакс
Полицијата во Сингапур, потврдила дека го испитува лицето по име Дан Тан, за кого се верува де