Убиени се мечка и две мечиња во Македонија, нивниот лов е ТРАЈНО забранет

Во село Жировница, Општина Маврово – Ростуше, денеска се убиени мечка и две мали мечиња, соопшти директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

-Денеска бевме запрепастени дека во село Жировница се убиени мечка и две мечиња. По пријава на националниот парк Маврово, Државниот инспекторат за животна средина пристапи на лице место, изјави Стојковски, кој на прес-конференција претстави извештај за работата на Инспекторатот за периодот јануари-јуни годинава.
Мечките во земјава се заштитени уште од 1996 година, а според Законот за ловство од 2009 година нивниот лов е трајно забранет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.