Убиецот на новинарката Маринова осуден на 30 години затвор

Заради силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова бугарски суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор. Телото на новинарката беше пронајдено на 6 октомври минатата година во реката Дунав во градот Русе, во северна Бугарија.
Обвинетиот Красимиров (21-година) се изјасни за виновен и побара што побрзо да му биде изречена пресудата. Истражителите заклучија дека Красимиров сам го извршил убиството. Тој беше уапсен во Германија, каде пребегал, а беше испорачан на Бугарија една седмица по извршениот злочин. Со тоа што се изјасни за виновен Красимиров избегна доживотен затвор, а во рок од 15 дена има можност  да поднесе жалба на донесената пресуда.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.