Убиецот на српскиот полицаец е брат на озлогласен албански криминалец! Фатон убил Русин, 9 пати бегал од затвор: Го обожуваат припадниците на УЧК

Артан Хајризи, кој го убил полицаецот Никола Крсмановиќ вчера во Лозница, а го ранил Вјекослав И, е роден брат на Фатон Хајризи, кој неодамна побегнал од затвор во Смрековци во Косово на 6-ти јули.

Артан Хајризи на социјалните мрежи објавувал фотографии со знамиња на УЧК и ликот на Хашим Тачи, како и фотографии покрај голем постер со ликот на Адем Јашари.

Фатон Хајризи е осуден за убиство на руски војник, припадник на КФОР, пред две децении. Тој дури девет пати бегал од затвор, а се огласил и на социјалните мрежи по последното бегство.

„Јас сум Фатон Хајризи, кој во редовите на ОВК отиде во војна како 14-годишно дете. Јас Фатин Хајризи кој делуваше на северот во 2006-2007 за доброто на оваа земја. Не е нормално, ме држеа во затвор 23 години, денеска имам 40 години“, се жалел тој на ТикТок.

За своето прво бегство од затвор рекол дека го користел прозорецот на бањата во затворот во Митровица. Хајризи тогаш го уапсиле војниците на КФОР. Како што кажал, побегнал и втор пат од затвор во Приштина, а еднаш побегнал и од воена база во 2012-та година, бегајќи од затвор во Призрен и минувајќи преку ограда.

После полициска акција, бил уапсен во јули 2007-ма година, заедно со уште шест затвореници, осудени за тешки кривични дела. Откако ја минале оградата на затворот, затворениците ги дочекале други луѓе, кои почнале да пукаат на затворските чувари.

По објавениот увид, уапсени се некои вработени во Затворот Дубрава и уште некои лица за кои постои сомнеж дека помагале во бегството.

Неколку месеци по бегството, во септември 2007-ма година, дошло до вооружен грабеж во Глоговац, каде четири лица со оружје и маски ограбиле златарница и во бегство застрелале двајца полицајци и сопствениците на златарницата. Вредноста на украденото злато била околу 63.000 евра.

Во продолжението на потрага по криминалците, во селото Брузник-Вучитрн, полициската патрола се обидела да сопре сомнителен автомобил. Осомничените од тој автомобил пукале на полицијата и со огнено оружје раниле двајца полицајци и успеале да побегнат пешки.

Постоело сомнеж дека истите луѓе го извршиле грабежот во Глоговац. Фатон Хајризи и Бурим Баша биле уапсени во октомври 2007-ма година во куќа во населбата Сончев брег во Приштина. Во текот на рацијата биле пронајдени неколку парчиња оружје.

Потсетуваме, во околу 1 часот наутро српските гранични полицајци сопреле возило во кое имало странски државјани. Во текот на контролата на возилото Фатон Хајризи го убил полицаецот Никола Крсмановиќ, а Вјекослав И го ранил во рамо.

Тој потоа побегнал, но на местото на убиството останале неговите документи, поради кои е идентификуван.

Пронајдете не на следниве мрежи: