Американските нуркачи минатото лето поставија експлозиви под гасоводите „Северен тек“, кој Норвежаните го активираа три месеци подоцна, објави на својата веб-страница новинарот добитник на Пулицерова награда Сејмур Херш, повикувајќи се на информиран извор.
„Минатото лето, нуркачите на морнарицата, кои оперираат под закрилата на вежбата на НАТО позната како Балтопс 22, поставија далечински активирани експлозивни направи кои уништија три од четирите гасоводи Северен тек три месеци подоцна“, напиша тој.
Забележано е дека на 26 септември авион на норвешката морнарица фрлил сонарска пловка, со чија помош биле активирани експлозивни направи.
Северен тек е извозен гасовод од Русија до Европа преку Балтичкото Море. Директно ги поврзува најголемите руски наоѓалишта на природен гас и европските потрошувачи, заобиколувајќи ги транзитните земји.
Од крајот на август минатата година, испораките на гас преку „Северен тек“ се прекинати. „Гаспром“ ова го објасни со откриените дефекти на единствената работна гас-пумпна единица на компресорската станица „Портоваја“.
Владимир Путин го нарече инцидентот со експлодирање на двата гасоводи очигледен терористички напад.