Аполо Родригез (2) бил пронајден во жешкиот автобус по речиси девет часа, но дотогаш веќе било доцна.
Возачот Флавио Робсон (45) и неговата помошничка Лусијана Коељо (44), која е и негова сопруга, го земале момчето околу 7 часот наутро, но заборавиле да го пуштат во градинка. Аполо бил пронајден во несвест околу 15 часот и 30 минути истиот ден.
Веднаш бил пренесен во болница, но за жал била констатирана смрт.
Страшниот инцидент доведе до апсење на Робсон и Коељо под обвинение за убиство со умисла. Откако се појавиле во судот, им било одобрено привремено ослободување во очекување на судењето.
Според судските наредби, им е забрането да работат во училишната транспортна служба за деца, а морале и да ги предадат возачките дозволи.
Цивилните полициски истражители веруваат дека силната топлина во автобусот можеби придонела за трагичната смрт на момчето.
Инцидентот се случил во вторникот кога температурата во Сао Паоло била 37 степени додека земјата се бори со топлотниот бран.
Мајката на момчето рекла дека кобниот ден малиот Аполо воопшто не сакал да оди во градинка.
„Плачеше и не сакаше да оди“, вели неговата мајка Калијан Родригез.
Според неа, асистентката секогаш го ставала нејзиниот син на првите седишта во автобусот, но тој кобен ден го ставила во последниот ред и заборавила на него.
Калијан сфатила дека нешто не е во ред кога се вратила од работа и сфатила дека нејзиниот син не дошол од градинка.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.