Повредениот малолетник паднал во близина на неговата семејна куќа, каде што го пронашле членовите на семејството
Вчера во основното училиште „Авдо Меѓеовиќ“ во населбата Селаковац во Нови Пазар се случил тежок инцидент кога ученик од осмо одделение при тепачка во училишниот двор се здобил со убодна рана. Врсник, исто така ученик од истото училиште, се нафрлил врз него и го прободел со нож во стомакот.
- Рекордна вредност на биткоинот, за првпат над 90.000 долари
- Италија испрати над 15 тони хуманитарна помош во Газа
- Комунална хигиена подигна 10 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни површини
- Г7: Ќе ја поддржуваме Украина се додека е потребно во војната против Русија
- Пресвртна точка за мир или „Пандорина кутија“? Шолц му се јави на Путин поради страв од потегот на Трамп – Украина останува без поддршка од Запад во војната?
- Убиство во Скопје: Пијан скопјанец го донел познаникот дома и пред сопругата и синовите пyкал во него
- Хороскопски знаци кои имаат тенденција да филозофираат
- Захарова: Шокантно но вистинито, Xитлеp е почесен граѓанин во четириесетина градови низ Германија
- Нарушениот однос на Тајсон со мајка му: Го тепала во затвор, го нарекувала „арогантен“ и го потсетувала на поразите (фото)
Инцидентот се случил по завршувањето на последниот час, а ученикот со убодна рана наводно добил упатство од еден од училишните работници веднаш да си оди дома. Повредениот малолетник паднал во близина на неговата семејна куќа, каде што го пронашле членовите на семејството. Со брза реакција тој бил пренесен во болницата Новопазар каде му била укажана потребната лекарска помош.
Полицијата веднаш одговорила на повикот и извршила увид на местото на настанот. Во моментов се водат дополнителни увиди за расветлување на околностите на овој инцидент и утврдување на одговорноста. За инцидентот е информирано и надлежното обвинителство во Нови Пазар.
Еден од членовите на семејството на повредениот ученик контактирал со директорот на училиштето за да добие информации за инцидентот. Според тој член на семејството, директорот ги уверил дека се ќе се реши согласно законот.
Ова сериозно насилство меѓу учениците го потресе селото Селаковац и самото училиште Авдо Меѓеовиќ. Наставниците и родителите се вознемирени од овој инцидент и се надеваат на брзо разрешување на случајот за да се осигура безбедноста на сите ученици и вработени во училиштето.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.