Манчестер јунајтед одигра одличен натпревар на гостувањето кај Барселона (2-2), а тренерот Ерик Тен Хаг смета дека неговите избраници заслужиле победа.
Тен Хаг по мечот кажа дека е задоволен затоа што ја контролирале играта, меѓутоа немале среќа во завршницата.
„Мислам дека ја контролиравме играта, освен првите 15 минути. Имавме многу шанси и разочаран сум што на полувреме беше 0-0. Ова беше како натпревар од Лигата на шампиони, уживав во мечот, но мислам дека требаше да победиме“, кажа Тен Хаг.
Реваншот меѓу Јунајтед и Барселона се игра на 23 февруари на „Олд Трафорд“.