Американката која некој пред три години била снимена додека се туширала во хотел во сопственост на ланецот “Хилтон” во Олбани, го тужела хотелскиот ланец за невнимателност и бара оштета од 100 милиони долари.
Тајно снименото видео било поставено на порно-страните, а девојката вели дека доживеала “тешки и трајни психички повреди”. Како што наведува во тужбата, жената во јули 2015-та година престојувала во хотелот “Hempton In and Suites”, кога била снимена гола со скриена камера.
За тоа дознала дури во септември минатата година, кога добила мејл во кој, меѓу другото пишувало, “ова си ти, зарем не?”.
Пораката содржела и линк од порнографски сајт на кој било објавено видеото. Жената примила уште неколку заканувачки мејлови од непозната адреса, чиј автор се потпишал како “перверзник”.
После тоа истата снимка се појавила и на други порно сајтови. Нејзините колеги, пријатели и поранешни школски пријатели исто така ја добиле снимката од лажен профил, а во нејзино име. После тоа, непознатото лице од жртвата барало да плати неколку илјади долари, а во тужбата стои и дека други гости кои престојувале во истата соба биле тајно снимани.
Матичниот концерн “Hilton” ги означил обвиненијата ако застрашувачки. “Многу ни е важно нашите гости да бидат безбедни и пријатно да се чувствуваат”, соопштиле од компанијата.Хотелот “Hempton In” објавил соопштение во кое се наведува дека објектот неодамна бил реновиран и дека притоа ниедна скриена камера не била пронајдена, но дека се подготвени да соработуваат со полицијата.