Уживајте без грижа на совест: Ужинки кои имаат помалку од 100 калории

ога започнувате со држење диета, најголем проблем е да се издржи оној период меѓу оброците кога се јавува чувството на глад. Во тие моменти е тешко да ѝ се одолее на храната и да се остане доследен, меѓутоа со овие нискокалорични грицки, целиот процес станува многу полесен.
Уживајте без грижа на совест: Ужинки кои имаат помалку од 100 калории
Добрата вест е дека доколку сте на пат кон постигнување на подобра фигура на телото, не мора во целост да се откажете од меѓуоброците кои ги сакате. Треба само паметно да ги бирате и оние кои имаат многу калории да ги замените со поздрави варијанти.
Нутриционистката Тери Ен Нанс верува дека губењето килограми и понатаму е можно ако одберете нискокалорична храна која ќе ја јадете помеѓу оброците.


„Кога имате ужинки меѓу оброците, обезбедувате постојан проток на енергија што може да ја намали ненадејната потреба за јадење која пак, може да доведе до тоа да направите лош избор“, вели таа.
Чаша јогурт
Мала кесичка пуканки
Едно Јаболко
Едно варено јајце
Житна плочка
5 гумени бонбони
2 тенки парчиња мисиркино месо
„Трудете се секогаш при рака да имате некои од овие грицки, за да не посегнувате по некои нездрави варијанти. Најдобар избор е храната која е богата со протеини, бидејќи токму тие го даваат чувството на ситост во текот на денот и помагаат при градењето на мускулите.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.