Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка – ГП Деве Баир

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози.

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денес?
Според курсната листа на НБРМ средниот курс на еврото денеска изнесува 61.4950 денари, а на американскиот долар 59.5824 денари. Средниот курс на британската фунта изнесува 73.9852 денари.
Се врати дома кучето на молдавската претседателка, кое исчезна во новогодишната ноќ
Кучето на молдавската претседателка Маја Санду, познато по тоа што го има гризнато австрискиот претседател, вчера се вратило во официјалната резиденција, откако исчезна во новогодишната ноќ, пренесе „Хина“. Кучето по име …

-Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, Воедно апелираат до возачите на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.