Непознати лица украле машини на компанија која работела на изградба на пругата Куманово – Бељаковце. Случајот бил пријавен во полиција.
„Во СВР Куманово било пријавено дека во периодот од 26. до 29. јули на пругата во изградба во село Бељаковце, кумановско, биле одземени работни машини, сопственост на фирма ангажирана на изградба на пругата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.