Украдени над 550 килограми марихуана од фабрика во тетовско!

МВР информира дека синоќа околу 23:00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во фабрика за марихуана за медицински цели во атар на с. Чегране, Гостиварско, три лица физички нападнале вработен како обезбедување и му одзеле пари и лични предмети, по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија.

Пет хороскопски партнери кои се одлични и одговорни деловни партнери
Кога станува збор работата, не е важно со кого делите канцеларија или го започнувате вашиот бизнис од соништата. Вистинскиот деловен партнер може да биде клучот за успехот, а …
,,Господ ни беше посредник” – Аница Лазиќ откри детали од почетокот на врската со Лазар Ристовски (фото)
Младата актерка откри детали од приватниот живот, проговори за својот партнер, актерот Лазар Ристовски и откри дека нивната разлика во години не е важна.Познатиот актер Лазар Ристовски е во врска …

Според пријавеното, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени.

Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.