Украина за три дена соборила шест руски борбени авиони


Украинското Министерство за одбрана тврди дека меѓу соборените авиони има четири „сухој 34“ и два борбени авиони „сухој 35“

Украинската армија изминатите три дена соборила шест руски борбени авиони, пренесува „Форбс“.

„Руските авиони продолжуваат да паѓаат“,

напиша украинското Министерство за одбрана на Икс.

Тие тврдат дека меѓу соборените авиони има четири „сухој 34“ и два борбени авиони „сухој 35“.

Украинската војска тврди дека соборила четири „сухои“ во неделата и уште два во понеделникот над Азовското Море на југ.

Украинците соборија три авиони во саботата, 90 километри источно од Авдиивка, додека авионите наводно се подготвувале да ги бомбардираат украинските војници кои се повлекувале од урнатините на градот.

Според пишувањата на „Форбс“, руските воздухопловни сили нема да останат без авиони „сухој“ во скоро време. За две години жестоки борби, податоците на Орикс покажуваат дека Русите изгубиле 25 од вкупно 150 авиони „су-34“ и шест од вкупно 120 „су-35“.

Но, неодамнешната стапка на загуба – шест авиони за три дена – е неодржлива ако продолжи. Руските воздухопловни сили изгубија 95 авиони од февруари 2022 година, што е во просек четири авиони месечно.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: