Службата за безбедност на Украина ноќеска изврши напади со беспилотни летала врз три руски нафтени рафинерии во Рјазан, Кстово и Кириши како дел од стратегијата за намалување на економскиот потенцијал на Русија, јавија западните агенции повикувајќи се на украински извор.
„Нашата задача е да му ги одземеме ресурсите на непријателот и да го намалиме протокот на пари од нафта и гориво, кои Русија директно ги насочува кон војната и убивањето на нашите граѓани. Судејќи според видеата на интернет, последиците беа многу сериозни“, нагласува изворот цитиран од украинските медиуми.
Изворот забележува дека украинските сили извршиле и напади со беспилотни летала врз руската воздушна база во Бутурлиновка, како и врз воениот аеродром во регионот Воронеж.
More videos of Ukrainian 🇺🇦 Kamikaze Drones striking the Ryazan Oil Refinery pic.twitter.com/kCCzgpxbjV
— Ukraine Battle Map (@ukraine_map) March 13, 2024