На вооружените сили на Украина во Бердичи им се заканува опкружување по неодамнешната загуба на Новобахмутовка и Соловиев, а според некои воени блогери се очекува повлекување до 15 километри на запад.
Ним им се заканува загуба и на Нетајлов, Карловка, Умански, Новокалинов, Керамик, Архангелски…
По падот на Авдијивка во февруари, Украина одржа линија на одбрана во близина на Бердичи. За време на безмилосните борби во претходните два и пол месеци на тој дел од линијата на фронтот, беа изгубени и неколку американски тенкови Абрамс, обидувајќи се да го запрат напредувањето на руските трупи.
Воениот блогер Рибар наведува дека руските војници напредуваат и кај Новокалинов.
- Напаѓачките групи ја пробија одбраната на украинските формации во центарот на селото во правец на Керамик. Во моментов се зајакнуваат позициите во центарот на селото. Имајќи го предвид налетот од Очеретин во правец на Архангелск, не може да се исклучи дека во блиска иднина вооружените сили на Русија ќе можат целосно да го окупираат Керамик – вели Рибар.
- Николовски: Буџетот за земјоделството се намалува за 15,7%, програмата за рурален развој за 10 патиПроизводството на храна и секторот земјоделство, се сектори кои се- прочитај повеќе
- Путин изнесе црни прогнози! Влогот се зголеми, почнува нова фаза од војната во Украина: Цел свет го чека одговорот на Владимир ВладимировичРускиот претседател Владимир Путин сè уште не одговорил на дозволата на- прочитај повеќе
- Зеленски на првата линија на фронтот, „Истокот не е целосно окупиран од Русија“Володимир Зеленски денеска се појави на прва линија на фронтот- прочитај повеќе
- ПОЛНИ СО ВИТАМИН Ц: Овие намирници му даваат енергија на телото, а многумина не ни знаат КОЛКУ се здрави!ога ќе дојде зимата, сосема е природно нашиот имунитет да- прочитај повеќе
- (Видео) Мециновиќ: Од независност до пропаст – Македонија жртва на приватните интересиПратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во својот говор на комисиската седница- прочитај повеќе
Според него, Русите успеале да ги истуркаат противниците од Семјоновка.
- Остатоците од пешадијата на вооружените сили на Украина под оган на артилерија и беспилотни летала се повлекоа од северната периферија на селото на запад кон Новопокровски. Под контрола на вооружените сили на Русија делумно беа и шумските појаси кај Семјоновка. Борбите во моментов се водат на најзападната периферија на Бердици. Малку е веројатно дека непријателот ќе може долго да држи позиции поради неговото повлекување од Семјоновка. Следната линија на напад на Вооружените сили на Русија најверојатно ќе бидат шумските појаси на делницата Новопокровско – Новоселовка Перваја каде што сега украинските формации динамично градат одбрана – вели Рибар.
Украинскиот телеграм канал DeepState потврди дека руските војници ги зазеле Семјоновка и Соловиев и дека се водат борби за Керамик.
Инаку, Украина покрена истрага против бригадата која без наредба се повлече од позицијата кај Очетерин!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.