– Во руски ракетен напад на украински Херсон вчера загинаа најмалку девет лица.
Државната служба за вонредни ситуации на Украина соопшти дека меѓу жртвите има и четири деца.
Поради нападот дошло до опожарување на возилата и објектите, а пожарникарите работеа на локализирање на пожарот.
Русија тврди дека започнала „специјална воена операција“ за „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина на 24 февруари минатата година.
Западот на руската воена кампања гледа како на агресија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.