Украина нема да го продолжи договорот за транзит на руски гас по 2024 година

Украина нема да го продолжи договорот за транзит на руски гас, но е подготвена да ги разгледа барањата на европските компании, соопшти претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

– Никој нема да го продолжи договорот со Русија. Ова прашање е завршено. Што се однесува до транзитот на гас од други компании, ако остане барањето од нашите европски колеги, ние ќе ги разгледаме нивните предлози, изјави Зеленски.

Тој додаде дека не знае за што разговарал рускиот лидер Владимир Путин со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, за време на неговата посета на Баку. Азербејџан испорачува природен гас до ЕУ и други земји од Европа преку систем од гасоводи што поминуваат низ Турција, Грција, Бугарија, Македонија и Албанија.

Пронајдете не на следниве мрежи: