Украина тврди дека погодила брод запленет од Русија во 2014 година






Вооружените сили на Украина го погодија бродот „Константин Олшански“, кој претходно и припаѓаше на украинската морнарица, а кој Русија го заплени во 2014 година кога го анектираше Крим, изјави портпаролот на морнарицата на вооружените сили на Украина, Дмитриј Плетенчук.

Тој рече дека нападот бил извршен со противбродска ракета Нептун, пренесува Интерфакс Украина.

Плетенчук изјавил дека бродот девет години стоел во Севастополскиот залив, демонтиран на делови, а потоа Русија решила да го обнови, поради што е извршен нападот.

Украинската војска на 24 март соопшти дека погодила два руски амфибиски брода – Јамал и Азов, комуникациски центар и неколку инфраструктурни објекти на руската Црноморска флота во Севастопол.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: