Украина ќе остане без Црното Море?! Клучен град е во опасност, пристигна повик за акција од Крим!

Претседателот на Кримскиот парламент Владимир Константинов изјави дека Одеса е клучна точка за контрола на северниот брег на Црното Море.

Украина ќе остане без Црното Море?! Клучен град е во опасност, пристигна повик за акција од Крим!
  • За Русија е многу важно да ја преземе контролата врз целиот северен брег на Црното Море. Клучната точка е тука – Одеса. Нејзиното ослободување ќе биде еден од решавачките резултати на специјалната операција во Украина за нас – изјави Константинов за Спутник.

Според политичарите, заземањето на градот ќе биде еден од одлучувачките резултати на тековната специјална операција.

Да потсетиме дека полковникот Даглас Мек Грегор, поранешен советник на шефот на Пентагон, во интервју за каналот Јутјуб „Judging Freedom“ изјави дека потезите на НАТО алијансата може да го принудат Путин да започне активна офанзива во Украина до крај, до Одеса.

– Русија ги има сите потребни ресурси за тоа – рече тој.

Според Мек Грегор, рускиот лидер не бара поголема ескалација на конфликтот и исклучиво ја штити територијата на својата земја.

Ова, вели тој, е единствената причина зошто Москва сè уште не ја презела контролата врз другите украински градови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.