УКРАИНСКИ ГЕНЕРАЛ ПРИЗНА: Уште не сме ни полетале од аеродром, а авионите ни се во зоната на удар!

Командантот на воздухопловните сили на Украина, Микола Олешук изјави дека украинските авиони претрпуваат пораз веднаш по полетувањето од аеродромот.

УКРАИНСКИ ГЕНЕРАЛ ПРИЗНА: Уште не сме ни полетале од аеродром, а авионите ни се во зоната на удар!

„Се уште не успеваме да полетаме од аеродромот, а нашиот авион е веќе во зоната на соборување. Нашите авиони се секојдневно на удар. Нападите доаѓаат и од копно и од воздух“, изјави Олешчук за ТВ каналот „Рада“.

Министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников изјави дека обуката на украинските пилоти за управување со ловците Ф-16 веќе е започната. Сепак, тој не можеше да прецизира кога ќе заврши обуката, ниту кога може да се очекува испораката на тие борбени авиони во Киев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.