Украински дронови нападнаа цели во југозападна Русија






Военото разузнавање на Украина денеска ја презеде одговорноста за нападот со дронови врз југозападниот руски регион Воронеж.

При нападот, според официјален Киев, погодено е школо за летање во градот Борисглебск и причинета е голема материјална штета.

Додека руските медиуми објавија дека при нападот се скршени само прозорците и оти има мало оштетување на фасадата на школата за летање.

Гувернерот на регионот Воронеж, Александар Гусев го потврди нападот со дрон, истакнувајќи оти беспилотните леталата биле соборени од руските противвоздушни системи. Тој додаде дека нема човечки жртви.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: