Украинските сили на удар на руските „комарци“ Армијата на Украина има сè повеќе проблеми, последиците се фатални

Руската армија масовно користи беспилотни летала за напад и извидување, што и создава се повеќе проблеми на Украина на бојното поле, изјави полковникот на украинската армија Иван Павленко во интервју за британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

„Русите неодамна почнаа да произведуваат толку многу дронови што станува огромна закана. Масовната употреба на беспилотни летала е нешто ново“, рече тој.

Момче се разбудило на сопственото кремирање, итно го вратиле во болница- казнети тројца лекари
Кумар, кој имал оштетен слух и говор, бил донесен во болница откако доживеал епилептичен напад. Лекарот констатирал смрт, но наместо да се изврши обдукција, телото било однесено право …
INFOMAX.MK
Земјотрес со јачина од 2.6 степени по Рихтер вечерва е регистриран во Македонија. Според првичните информации епицентарот е во близина на Охрид на длабочина од 15 километри. Локалното …

Павленко додаде дека во овие услови системите за електронско војување стануваат уште поважни.

Еден од украинските војници изјави за весникот дека поради недостаток на опрема за електронско војување во Вооружените сили на Украина, руските војници го уништуваат непријателот „како комарци“.

Во тој поглед, Павленко ги повика западните сојузници на Украина да испорачаат опрема што може да пречи на рускиот сателитски систем за наведување руски ракети и беспилотни летала.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.