Украинците избришани од лицето на земјата! Русите ги пуштија да ги окупираат селата, а потоа пеколот слезе од небо!

Руската армија нанесе масовни удари врз Старомајорско и Урожајно, населби во Доњецк од кои се повлекоа по честите напади на украинските сили.

Украинците избришани од лицето на земјата! Русите ги пуштија да ги окупираат селата, а потоа пеколот слезе од небо!

Видеата кои кружат на социјалните мрежи го покажуваат влијанието на разорните „паметни бомби“ ФАБ-500 врз украинските сили. Според руските воени дописници, овие удари ги изведуваат извидувачките чети на 247. полк и групата „Фалкон“.

Руските бомби ФАБ-500 М62 станаа „одговор“ на бомбите ЈДАМ кои ги добија украинските воздухопловни сили. Со нивна помош, бомбардерите Су-24 и Су-34 успеаја да уништат цели на оддалеченост од над 50 километри, без да навлезат во областа што ја покриваат силите за воздушна одбрана на Украина.

Руските воздушни сили и артилерија активно ги гаѓаат позициите на вооружените сили на Украина во урнатините на селото што киевските сили го зазедоа за време на контраофанзивата на тој дел од фронтот.

Со вакви прецизни и моќни удари руските сили ја спречуваат украинската армија да го зајакне своето присуство во овие населени места.

Да потсетиме, украинските сили денеска го вратија под своја контрола селото Урожајно во областа Доњецк и се зацврстија на позиции на периферијата на тоа место на југоистокот на земјата.

  • Нашите бранители се во рововите на нејзиниот периметар – објави на Телеграм Хана Малиар, заменик министер за одбрана на Украина.

Контраофанзивата на Украина на југот и истокот на земјата трае речиси 3 месеци. За тоа време, според Министерството за одбрана на Руската Федерација, повеќе од 43.000 украински војници биле изгубени при обидите за пробивање на руските линии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.