Околу 9.000 луѓе во Кина веројатно ќе умираат секој ден од коронавирусот, соопшти вчера британската компанија за здравствени податоци Ерфинити со седиште во Лондон, што речиси двојно ја зголеми својата проценка од пред една недела.
Кумулативниот број на загинати во Кина од 1 декември веројатно достигна 100.000 од вкупно 18,6 милиони заразени, рече Ерфинити, пренесе Ројтерс.
Компанијата вели дека користи модели базирани на податоци од кинеските провинции пред да се спроведат неодамнешните промени во известувањето за случаи.
Ерфинити очекува инфекциите со Ковид во Кина да го достигнат врвот на 13 јануари со 3,7 милиони случаи на ден.
Британската компанија очекува бројот на загинати да достигне врв на 23 јануари со околу 25.000 смртни случаи дневно, додека кумулативниот број на загинати ќе достигне 584.000 од декември.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.