Унгарија од денеска го презема кормилото на ротирачкото претседателство со ЕУ под слоганот „Направи ја Европа повторно голема“.
Унгарија од денеска го презема кормилото на ротирачкото претседателство со ЕУ под слоганот „Направи ја Европа повторно голема“, во кој многумина го препознаа мотото кое го популаризираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп – „Направи ја Америка повторно голема“. Проширувањето на ЕУ е високо на агендатата на Будимпешта за следните шест месеци, како еден од седумте клучни периоритети на унгарското претседателство, а во чија порака се вели дека ЕУ не може да биде целосна без Западен балкан. Во неодманешното претставување на приоритетите, министерот за европски прашања Јанош Бока рече дека очекува Македонија и Албанија конечно да го направат клучниот исчекор кон евроинтегративниот пат.
– Се надеваме дека до крајот на нашето претседателство, сите земји од Западен Балкан ќе направат најмалку еден чекор поблиску до нивното членство во ЕУ. Унгарското претседателство има конкретни цели за земјите кандидатки од Западен Балкан. Сметаме дека е реално Црна Гора да отвори нови преговарачки кластери, мислам дека е реално со Македонија и Албанија да се одржат меѓувладини конференции,- Јанош Бока – министер за европски прашања на Унгарија.
Но и покрај тоа што една од најважните точки во шестмесечното претседавање на унгарскиот премиер Орбан е интеграцијата на Западен Балкан во Унијата, од Македонија и натаму ќе се очекува да ги исполни условите од преговарачката рамка, смета извршниот директор на Евротинк Димитар Николовски.
„ Очекувам дека за време на ова претседателствување ќе има позитивни сигнали во однос на нѓшето пристапување кон ЕУ, но реално не очекувам дека ќе има таква моќ па нуту заинтересираност да ги средуваат билатералните проблеми на Македонија со грција и бугарија, тука ќе бидеме оставени сами на себе.// Промена во преговарачкта рамка не очеувам видовме дека за такво нешто нема заинтересираност ни од Бугарија, мислам дека ЕУ со унгарското претседателство ќе биде зафатено во внатрешни расправии, ангажирани околу украина, баш нашиот конкретен проблем ќе биде многу ниско на агендата и поради тоа не очекувам некои посебни промени. ‘-Димитар Николовски – Евротинк.
Меѓу приоритетите на унгарското е завршување на војната во Украина, подобрување на конкуренстноста на унијата, борбата против илегалната миграција теми кои предизвикуваат низа несогласувања на релација Будимпешта – Брисел.