Унгарија ја спушти рампата, овојпат за сите: Орбан со декрет им забрани на странците да влегуваат во земјата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан издаде декрет со кој се забранува влез на странци во земјата, со неколку исклучоци, тој беше објавен во Службен весник на таа земја.

Забраната, која ќе стапи на сила утре, беше објавена во петокот, објави агенцијата МТИ.

Исклучоци се применуваат за владини службеници кои организираат службени настани, приматели на медицински услуги, странски студенти со потврда дека редовно учат, возачи на камиони на пат кон дома, гости на семејни собири како свадби и учесници во спортски, културни или религиозни настани.

Секој на кој му е дозволено да влезе во Унгарија мора да оди во двонеделна карантин и на тестовите од коронавирусот да има 2 негативни потврди.

Двонеделна карантин е задолжителна и за Унгарците кои се враќаат во земјата од странство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.