750 г свинска кртина
100 г свинска маст
150 г кромид
2-3 чешниња лук
300 г коцки компири
100 г доматно пире
100 г брашно
2 ловорови листови
1 лажица црвен пипер
1 лажица сечкан магдонос
сол и мелен црн пипер
Ситно исечканиот кромид пропржете го на маста. Додадете го месото исечкано на коцки, исечканиот лук и магдонос, и ловоровите листови. Посолете и зачинете со црн пипер. Кога месото ќе порумени, додадете ги брашното и доматното пире. Налејте вода или супа од коцка за месото да биде покриено со течност.
Потоа додадете ги компирите и динстајте на тивок оган додека месото не омекне, по потреба додавајќи вода.