Унгарскиот премиер ги критикуваше „бриселските бирократски глупости“ за руско-украинската војна

– Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа упати критики за изјавата на шефот за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел за руската војна против Украина, нарекувајќи ја „бриселска бирократска глупост“.„Тоа не даде никакви резултати во изнаоѓањето начин за мир во руско-украинската војна“, напиша Орбан на платформата X. „Ако сакаме да ставиме крај на војната наместо бирократски ни треба политички пристап.“Борел вчера преку X реагираше за посетата на Орбан на руската престолнина.„Ставот на ЕУ за агресорската војна на Русија против Украина се рефлектира во многу заклучоци на Европскиот совет“, истакна тој.„Тој ги исклучува официјалните контакти меѓу ЕУ и претседателот (Владимир) Путин“, рече Борел. „Со тоа, унгарскиот премиер не ја претставува ЕУ во ниеден облик“.Во соопштението се додава дека посетата на Орбан на Москва се одвива исклучиво во рамките на односите меѓу Унгарија и Русија.Унгарија го презеде ротирачкото претседавање со Европската Унија на шест месеци во понеделникот, преземајќи ја должноста од Белгија.Унгарското претседавање со ЕУ, предводено од Орбан, коинцидира со преобликувањето на раководството на ЕУ по изборите за Европскиот парламент од 6 до 9 јуни, на кои успех постигнаа десничарите.Иако не се очекува динамичен легислативен процес, политичката визија на Будимпешта се очекува да има голема тежина.Во последниве години имаше тензии меѓу унгарската Влада и раководството на ЕУ која посочуваше пад на демократските принципи во земјата.Против земјата се спроведува правен процес со образложение дека таа го прекршува законот на блокот и поради оваа причина е блокиран значителен дел од сумата што Унгарија може да ја добие од фондовите на ЕУ.Унгарија, исто така, се спротивстави на санкциите на ЕУ кон Русија за војната во Украина.Унгарија ќе ја предаде функцијата на Полска на 1 јануари.

Пронајдете не на следниве мрежи: