Изминатиот викенд во Крагуевац се одржа досега најмасовното Балканско првенство во карате за деца , кадети, јуниори и постари јуниори У- 21.На ова првенство карате клубот Макпетрол учествуваше со 16 спортисти, кои освоија еден сребрен и четири бронзени медали.Селена Таушанова (-54) во кадетска конкуренција избори пласман во финалето и го освои сребрениот медал. Бронзени медали во У 21 освоија Симона Заборска (-60) и Симон Антиќ (+84). Моника Пендаровска (-47) во кадетска конкуренција освои бронза исто како и Игор Таневски но во конкуренција на јуниори.На Балканското првенство учество зедоа 14 земји (Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Романија, и Кипар) со преку 1.500 спортисти.
Макфакс Изминатиот викенд во Крагуевац се одржа досега најмасовното Балканско првенство во карате за деца , кадети, јуниори и